
Кога во телото ќе внесете претерано многу адитиви, шеќери и други штетни материи, време е да го освежите со еден детоксикациски пијалак.
За утринскиот млечен шејк потребно ви е:
- 1 јајце
- Лажица мед
- Свежо цеден сок од 1 лимон
- 50g корнфлекс
- 50ml млеко
Сите состојки ставете ги во блендер и кратко промешајте, додека пијалакот не добие кремаста густина.
Додадете свежо овошје по желба и уживајте во енергичното „Добро утро!“