![brza-pomosh-soobrakajka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/brza-pomosh-soobrakajka.jpg?resize=320%2C240&ssl=1)
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вечерва околу 20.25 часот на булеварот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кај зградата на Министерството за наука и образование во Скопје.
Како што информираат од СВР Скопје за „Република“, станува збор за судир на автомобил „мазда“ со скопски регистерски таблички и возило на Брза помош. Повредените се пренесени во скопскиот Ургентен центар.
Полицискиот увид е во тек, по што ќе бидат познати повеќе детали.