Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Четворица возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, шест возачи поминале на црвено светло на семафор и четворица возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Санкционирани се и 12 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 47 возила.