Предностите на природните овошни сокови

 Сок од јаболко

– Богат со витамини A, B, и C, и минерали како калциум, магнезиум, фосфор и калиум. Помага во лечење на артритис и ревматски заболувања. Го смирува организмот и го помага варењето на храната.

 Сок од кајсија

– Содржи голема количина на витамини A, B, C и К, а оваа висока концентрација го забавува стареењето. Исто така е многу добар за зајакнување на имунитетот и за здрава коса и кожа. Кајсијата е добра за лечење на анемија и за проблеми во менопаузата.

Сок од капина

655-402-sok-ot-kasis
– Поради витаминот С и Е, кои се силни антиоксиданси, капините се супер при спречување на рак и срцеви заболувања. Овој сок исто така помага при дијабетес. Капините ја чистат крвта, а често се користат при воспаление на грлото и диареа.

 Сок од грозје

– Покрај витамини, грозјето содржи и минерали како калциум, бакар, јод, фосфор и калиум. Овој сок е добар за варење на храната, срцеви заболувања, артритис, туберкулоза, проблеми со јетрата, хемороиди и разни алергии.

 Сок од лимон

– Содржи витамини В, С и Р. Одличен е за детоксикација на организмот и чистење на кожата.

 Сок од портокал

tocka-189744
– Исто така изобилува со витамини и минерали. Портокалот го смирува нервниот систем, па така е пректичен при лечење на нервоза, стрес и несоница.