Српската Републичка изборна комисија (РИК) соопшти дека од вкупно 15 избирачки места ги поништила резултатите од парламентарните избори што се одржаа во неделата, на 24 април, пренесе ТАСС.
Резултатите се поништени заради сериозни прекршувања за време на гласањето. Во овие избирачки места повторно ќе се организира гласање, за кое се уште не е утврден датумот.
Жалби за прекршувања на изборниот процес имало од 163 избирачки места. Членовите на РИК треба да донесат одлука дали да има повторување на изборите на уште 148 избирачки места (освен на објавените 15).
Републичката изборна комисија вечерва до 20 часот треба да ги прогласи конечните резултати од неделните избори. Не е исклучено заради поништените резултати и најавата за повторно гласање во повеќе избирачки места РИК да го одложи објавувањето на конечните резултати од изборите.
Врз основа на преброените 98,56 проценти од гласовите, коалицијата „Александар Вучиќ – Србија победува“ победи на изборите со 48,23 проценти освоени гласови.