Тепачка завршила со пресметка со ножеви синоќа во Охрид.
Триесет и едногодишниот Р.М. од Охрид, додека бил во придружба на неговиот другат А.Д. од Охрид, бил нападнат од Б.Д. (35) од с.Ливада, струшко.
Р.М. бил удиран со тупаници во пределот на главата. По кратко време во објектот дошле Н.М. (34) и Е.М. (35), двајцата од Охрид, кои што се вклучиле во нарушувањето на јавниот ред и мир.
Во еден момент Б.Д. извадил нож со кој што еднаш го прободел Н.М. во пределот на градниот кош и два пати Е.М. во пределот на слабината и грбот. Веднаш потоа го напуштил објектот и побегнал.
По кратко време напаѓачот бил пронајден и лишен од слобода.
Повредените лица се пренесени во Медицински центар-Охрид, каде што им е укажана лекарска помош и се задржани за понатамошно лекување, а Б.Д. е задржан на лекување во Медицински центар Струга.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.