
Интензивни врнежи ќе има за време на првомајските празници. Како што информираат од УХМР, утре ќе преовладува претежно облачно време со повремен слаб дожд, особено претпладне и со температура од 14 до 18 степени.
Во сабота ќе биде претежно стабилно и потопло со температура од 18 до 25 степени.
Нови врнежи од дожд ќе има во недела попладне, кои локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, особено кон крајот на денот и во ноќните часови. Температура од 18 до 24 степени.
Врнежи ќе има и во понеделник попладне, а поинтензивни ќе бидат во текот на ноќта кон вторник, кога локално се очекува да наврнат и над 50л/м2. Температура од 16 до 22 степена.