Канада: Полицијата уапси 80 луѓе во акција против детска порнографија

Против нив се подигнати обвиненија за сексуални напади, поседување, производство и дистрибуција на детска порнографија.

Полицијата соопшти дека досега се идентификувани 20 жртви на порнографија. Канадската полиција во таа акција соработувала со американското Министерство за внатрешни работи.