
Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов вчера во гостувањето на ТВ Телма потенцира дека Македонија има кредитен раст меѓу највисоките во Европа.
-Имаме макроекономска стабилност која што ја постигнавме со историски најниска каматна стапка. Значи ние немаме проблеми во макроекономската стабилност. Курсот е стабилен, инфлацијата е ниска, банкарскиот сектор е сигурен, испорачува кредитна поддршка на економијата која во моментов е една од највисоките во Европа. Тоа е реалност. Иако не е драматично висока, но во Европа сега најголем дел од земјите имаат негативни трендови на кредитен раст, истакна гувернерот Богов.