
По најавената пауза за велигденските празници, попладнево граѓанската иницијатива „Протестирам“ продолжи со протести во Скопје и во други градови низ земјава.
Протестите се против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за општа аболиција.
Тие бараат оставка на претседателот и одложување на изборите закажани за 5 јуни.
На денешниот протест демонстрантите револтот го искажаа пред комплексот судови.
Полициски кордон беше поставен пред зградата на Основниот суд Скопје 1, каде што демонстрантите фрлија бои како што практикуваа и во изминатите протести на т.н. „Шарена револуција“.
По протестот и говорите пред Основен суд Скопје 1, се упатија кон Владата.
Протестот почна во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, потоа учесниците продолжија кон Собранието на Република Македонија, а оттаму кон судовите.