Еди Марфи стана татко по деветти пат

Еди Марфи и неговата девојка Пејџ Бучер станаа родители на девојчето што се вика Изи Она Марфи.

Ова е прво дете на двојката, но е деветто по ред за славниот комичар.

Двојката е во врска од 2012-тата година, а во ноември ја објавија среќната вест дека Пејџ е бремена веќе три месеци.

Актерот веќе има двајца постари синови со две различни девојки. Тој исто така е татко на Брија, Милеса, Шајн, Зола и Бела кои што ги доби во бракот со сопругата Никол Мишел.

Марфи ја има и деветгодишната ќерка Ејнџел што ја доби во врската со поранешната девојка Мелани Браун.