
Маршот почнува пред седиштето на делегацијата на Европската унија во Скопје, со традиционална размена на знамињата на Македонија и на ЕУ. Учесниците на маршот потоа ќе се упатат кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња.
Најавено е учество на планинари, активисти на Европското движење, ученици со родители, студенти, како и други граѓани. Активноста е дел од програмата за одбележување на Денот на Европа.
Освен церемонијалниот карактер, манифестација има цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности.