Фудбалерот Патрик Екенг не издржа, почина во болница (ВИДЕО)

Фудбалерот Патрик Екенг не издржа, почина во болница
Фудбалерот Патрик Екенг не издржа, почина во болница
Фудбалерот на Динамо Букурешт, кој вчера колабираше на мечот против Виторул, почина во болница.

Трагичниот настан се случи во 70-та минута, кога Патрик Екенг падна на тревникот, во моментите кога во негова близина немаше никој.

Судијата веднаш го прекина натпреварот, а до него први дојдоа играчи од двете екипи за да спречат негово загушување, но 26-годишниот Камерунец ја загуби битката и почина во болница.