
Општина Центар денеска соопшти дека се почнати активности за реконструкција на улицата Апостол Гусларот во населба Буњаковец.
Како што информира општината, почната е обновата на коловозот и ивичниците на улицата, во должина од 180 метри, на потег од улицата Стефан Јакимов Дедов до Никола Тримпаре.
– На најоштетениот дел од улицата целосно ќе се вади подлогата и ќе се стави два тона асфалт, а во другиот дел ќе се гребе постојниот и ќе се поставува нов асфалт. На руинираните ивичници ќе се постават нови бехатон плочки, со што ќе се овозможи непречено движење на пешаците, а за лицата со посебни потреби – пристапни рампи, се вели во соопштението.
Од Општина Центар најавуваат дека во наредниот период ќе биде реконструирана и улицата Златко Шнајдер