Воена парада во Москва по повод Денот на победата (ВИДЕО)

Воена парада во Москва по повод Денот на победата

Со традиционална воена парада на московскиот Црвен плоштад денеска Русија денеска ја прославува 71-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.

Воената парада во Москва почна во 10 часот по московско време, а се очекува на неа да учествуваат 10.000 лица. На парадата ќе бидат претставени 135 видови воена техника, а над градот ќе летаат 71 воен авион и хеликоптер.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, ќе има свое обраќање на воената парада. На Црвениот плоштад и премиерот Дмитриј Медведев.

parad1

По парадата рускиот претседател ќе им се приклучи на ветераните од војната и ќе положи цвеќе на спомениот на Непознатиот јунак, одавајќиим им почит на погинатите, пренесува ТАСС .

И оваа година низ улиците на градот ќе мине Бесмртниот полк. Оваа церемонија, во текот на која учесниците носат фотографии на членови на семејствата кои учествувале во војната, е позната и под називот Бесмртниот полк. Првпат таа била одржана во 2012 година во Томск, а веќе од 2014 година се одржува во 500 градови во седум земји.

pp

Втората светска војна во Европа беше завршена на 9 мај 1945 година, кога се прогласи капитулацијата на нацистичка Германија.