„Курир“: Како СДСМ минатиот 9-ти мај се подбиваше со безбедносните сили?

Помина една година од црната сабота кога во жестоката битка со терористите во кумановско „Диво насеље“ осуммина припадници на македонските безбедносни сили ги положија животите. Додека цела Македонија стравуваше и тагуваше по загинатите херои кај Диво Насеље, СДСМ и нивните медиуми се подбиваа со безбедносните сили.

Порталот „Курир“ потсетува на настаните од пред една година, кога еден ден по трагедијата, додека мислите на македонскиот народ беа со повредените бранители кои лежеа во болница, лидерот на СДСМ Зоран Заев и сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, отидоа на местото и со насмевка се фотографираа со помагачите на терористите.

zaev-divo-naselje-640x361

zaev3divonaselje

zaev_spasov_divonaselje-768x433

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, наместо од име на партијата да изрази сочувство за загинатите, тој се потсмеваше со нив и велеше дека тој ден на жестока битка се играла играта „Камај“.

kamaj-1

Еден од главните перјаници на СДСМ, Тричковски, на најгрозоморен начин тие денови посакуваше да има уште жртви.

bt2

Поразениот претседателски кандидат на СДСМ отиде чекор подалеку па пред странските медиуми ја обвинуваше власта во Македонија дека ги органзирала инцидентите во Куманово. Пендаровски за бугарската агенција БГНес дека инцидентот во Куманово е фабрикуван од власта.

sdlfjsdlkfj43

Инцидентот во Куманово е фабрикуван од власта и поконкретно од македонската партија во владеачката коалиција на премиерот Груевски – изјави Стево Пендаровски.

Освен што челниците на СДСМ се исмеваа и покажаа огромно непочитување, преку нивните медиуми подгреваа тензии пласирајќи низа манипулации.

Опозицискиот ПлусИнфо на Бранко Героски, лажеше дека во Диво Насеље се убиени цивили граѓани, а за да направат уште поголема тензија пишуваа дека полицијата убила бебе и мајка.

Однесувањето на Заев по овој настан стануваше поскандалозно. Тој обвинуваше дека не станува збор за тероризам туку за нешто сосема друго иако лицата кои убиваа македонски бранители докажано се терористи. Подоцна Заев се предомисли и рече дека во Диво Насеље се случил тероризам ист како во Париз. Кога јавноста побара конечен став од него за оваа чувствителна тема со која тој буквално си играѓе, Заев уште еднаш го смени својот став потенцирајќи дека имало терористи, но не бил терористички акт туку нешто друго.

zaev-spasovski

Заев на настан во Љубљана организиран од „Ифимес“ говореше за случувањата во Куманово од 9 и 10 мај, во кои животот го загибија осум припадници на безбедносните сили и 10 терористи.

Заев овие трагични настани ги споредува со терористичките напади во Париз.

-Случувањата во Кумаово се истотака терористички акт како што го видовме во Париз. Еден од тие луѓе кои влегоа во центарот на Куманово, се повратници од Сирија, тие се бореле таму, исто како што се бореле луѓето што направиле терористичките напади во Париз или што ја поставија бомбата во рускиот авион.

Цела година подоцна, СДСМ не престанува да се исмева со овој кобен настан.

На насилните протести во организација на СДСМ, нивните партиски активисти им посакуваат на полицајците да се повтори Диво Насеље. Со тоа им посакуваат да има повеќе жртви меѓу оние кои со животот ја бранат нашата држава и нашиот народ.

Пред една година по целодневна жестока битка загинаа осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а беа повредени дури 37 други полицајци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба во Куманово.

Убиени беа следниве припадници на специјалните единици на македонската полиција кои останаа запамтени како херои кои животот го положија бранејќи ја татковината.

Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетово

Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостивар

Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетово

Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопје

Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар

Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје

Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје

Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје

СЛАВА ИМ!