Јаценјук : Ние сме на работ на катастрофа

Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук и го повика рускиот претседател Владимир Путин да ја повлече војската од неговата држава додавајќи дека земјата е на работ на војна.

„Ова е црвена тревога. Ова не е закана, ова е вистинско објавување на војна против мојата земја. Го повикуваме претседателот Путин да ја повлече својата војска и да се придржува до меѓународните обврски, како и до билатералните и мултилатерални договори потпишани меѓу Украина и Русија“, рече Јаценјук, зборувајќи пред странските новинари во Киев.

Русија синоќа даде дозвола за воена интервенција на Крим. Денеска таму пристигнаа 15.000 војници.

Во Украина е опасно и тензично, земјата е поделена на два, Киев накај Европска Унија, а Крим накај Русија.