Шпански омлет со компири и колбаси

Шпанската кујна е позната по тоа што често комбинира месо со разни зеленчуци добивајќи на тој начин не само здрав оброк туку и храна која е примамлива за окото.

Рецептот кој овој пат го споделуваме со вас е одлична идеја за појадок со која идејата за омлет засекогаш ќе ви се промени.

Потребни состојки:

  • 3 лажици масло
  • 1 поголем жолт кромид, исечкан
  • 50-60g колбас, пресечен во форма на полумесечини
  • 340g компир, исечкан на коцки
  • сол и црн пипер
  • 3/4 чаша магдонос, грубо исечкан
  • 10 јајца
  • 1 чаша рендан чедар
  • мала марула
  • 1/2 помал црвен кромид, тенко исечкан


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200°C. Загрејте 1 лажица масло во голема огноотпорна тава на средна топлина. Додадете го жолтиот кромид и пропржете го 5 минути.

Додадете го исечканиот колбас, компирите и по 1/2 лажичка сол и црн пипер и оставете да се готви во покриен сад, мешајќи повремено, додека компирите не омекнат, односно околу 10 минути.

Додадете го магдоносот. Истурете ги јајцата во тавата и измешајте да се состават состојките. Одозгора наросете чедар и пренесете го садот во рерна.

Печете го омлетот додека чедарот не се стопи и добие кафеава боја околу рабовите, околу 15 минути.

Ставете листови марула и црвен кромид на чинијата за сервирање и полејте ги со маслиново масло. Исечете го омлетот на парчиња и послужете го на чинијата.