Почнува Пролетниот вино фест

Дегустација на сортни македонски вина и вкусни деликатеси по промотивни цени, ќе понуди 5. Пролетен вински фестивал што почнува денеска во Скопје.

Фестивалот традиционално ќе се одржува на пакрингот на Веро Центар и ќе трае до недела.

Како што најавуваат организаторите, програмата ќе биде збогатена со разновидна музичка програма.