
Во гостувањето во Радио Слободна Македонија, новинарот Васко Ефтов истакна дека СДСМ, Зоран Заев, како и нивните протестанти се само еден декор на македонската политичка сцена.
Кризата можат да ја решат само факторите во земјава, а тоа се Никола Груевски и меѓународната заедница, додава Ефтов.
-Политичката битка во земјава се води меѓу меѓународната заедница и Никола Груевски. Меѓународната заедница не сака да биде поразена. Всушност, прифаќа да биде поразена од ВМРО-ДПМНЕ, но и е тешко да прифати да биде поразена од Никола Груевски. Фактори во Македонија во моментот се Никола Груевски и меѓународната заедница. Ниту протестанти ниту СДСМ, ниту Заев. Тие апсолутно се декор во моментов на политичката сцена. Господинот Бејли како претставник на меѓународната заедница и господинот Груевски како претставник на ВМРО-ДПМНЕ се фактори кои можат да ја решат политичката криза и тоа директно. Не преку Али Ахмети, не преку улога на Зоран Заев, рече Ефтов.