Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека НАТО силите не се доволно распоредени во Црното Море и дека не можат да се спротистават на руското воено присуство на тоа место, објави МИА.
– Му реков (на генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг) дека се отсутни во Црното море. Црното море почна да станува руско езеро, истакна Ердоган на состанокот на началници на генералштабовите на балканските земји во Истанбул.
Тој додаде дека ќе бара од Алијансата да го реши тоа прашање на претсојниот самит во Варшава.
– Ако не тргнете во акција, историјата нема да ви прости, порача Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека БиХ и Македонија треба наскоро да и се придружат на Алијансата за да ја зајакнат.