Се породила во тоалетот на „Табановце“, а бебето го фрлила во ѓубре

Кривична пријава е поднесена против 23-годишна Скопјанка. Т.И. се товари дека сторила кривично дело „Убиство на дете при пораѓање“.  Таа криела дека е бремена, се породила во тоалетот на граничниот премин „Табановце“ а бебето го фрлила во корпата за отпадоци.

Како што информира МВР, пријавената која што веќе била во 7/8 месец од бременоста и за која што бременост не постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана и покрај сето ова тргнала на апсолвентска ексурзија.

На 29.03.2016 година околу 11,30 часот на граничен премин „Табановце“, додека чекале за пасошка контрола пријавената почувствувала силни болки во пределот на стомакот и се упатила во тоалетот на граничниот премин. Притоа додека била во тоалетот се случило породување, а пријавената го зела бебето и го ставила во корпата за отпадоци.

По настанот се вратила во автобусот и продолжиле со патувањето. Откако од персоналот на граничниот премин било откриено телото на новороденчето настанот бил пријавен во СВР Куманово и по интензина истрага контактирано е со организаторите на екскурзијата, а пријавената на 30.03.2016 е однесена во Гинеколошка клиника во Прага, Чешка Република при што и е укажана лекарска помош. По завршувањето на екскурзијата на 18.04.2016 година на граничен премин таа е приведена од страна на полициски службеник и е однесена на дополнителни медицински вештачења.

Меѓу другото според истрагата е констатирано дека без оглед на датумот на бременоста, новороденчето кое било живо родено би преживеало доколку било родено во соодветни болнички услови.