Тие се викаат дупчиња на Венера и се мали кругови кои се формираат на долниот дел на грбот кај мажите и кај жените. Кај мажите кои ги имаат овие дупчиња станува збор за дупчињата на Аполон.
Се наоѓаат на местото каде се спојуваат две коски на карлицата и се гледаат само кај луѓето кои имаат генетски предиспозиции или соодветна големина на лигаментите. Не можеме да одбираме дали ќе ги имаме или не, поради тоа што е во прашање генетиката.
Тие се знак на добрата циркулација и здравото тело, а одлична циркулација е важен предуслов за полесно постигање на оргазам.
Со оглед дека дупчињата на Венера се наоѓаат на место каде што нема мускули не е возможно да ги создадете со вежби, но доколку работите на елиминирање на вишокот маснотии овие дупчиња стануваат видливи.