
Најмалку 17 ирачки војници загинаа во самоубиствени напади со камиони бомби извршени денеска од џихадистичката група Исламска држава (ИД), во близина на градот Рамади, соопштија воени извори.
Нападите се извршени во Џараиши, на 10 километри северно од Рамади. Освен тоа, џихадистите опколиле воен дел, преземале мост и блокирале пат, кој е од голема важност за ирачката армија.
Ова се едни од најжестоките напади извршени од ИД врз ирачките вооружени сили откако тие го презедоа Рамади од џихадистичката група во декември минатата година.
Најмалку петмина полицајци загинаа денеска, а 12 се повредени во двеон самоубиствен напад, извршен од ИД во предградие на Багдад. Мета на терористите била полициска станица во Абу Гариб.