
Четири години затворска казна заработи Зоран Спасиќ (47) од Богданци за силување старица, јавува Телеграф.
Осудениот на 21 јануари годинава во 6:30 часот во дворот на средното училиште „Богданци“ кај спортската сала, физички ја нападнал и извршил силување над В.М. (80) од истото место.
Старицата поради здобиените повреди беше задржана на лекување во Општата болница-Гевгелија.
Спасиќ го признал делото, и се спогодил со Јавното обвинителство од Велес, по што судија во претходна постапка од Основен суд-Велес му ја изрекол казната затвор во траење од четири години.