
Градот Скопје од утре ќе почне со чистење на спомениците во паркот „Жена борец“ и на плоштадот „Македонија“, што се во надлежност на Град Скопје.
За оваа намена Градот има ангажирано фирма за одржување и чистење на спомениците, информираат од Град Скопје.