Граѓаните најчесто барале совети за покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергиски реакции, симптомна болка и совети поврзани со хронични белодробни заболувања.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
На сите оние лица кои побарале медицински совет на „Ало докторе!“ им била дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Од ЈЗУ Здравствен Дом Скопје информираат дека 25 доктори се достапни за медицински совет, а повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Од воспоставувањето на оваа телефонска линија на 15 септември 2014 година имало вкупно92.839 повици со барања медицински совети.