Шефот на руската дипломатија Сергеј ЛАвров изјави денеска дека постојат основи за тврдењето дека официјална Анкара имала финансиска користа од трговијата со нафта со терористите.
Тој наведе дека Турција и терористите „тргувале со нафта, се занимавале со криумчарење на археолошки вредни предмети и со други незаконски прекугранични активности, за што турската власт се правела дека не го гледа“, пренесува ТАСС.
Уште повеќе, владата во Турција благодарение на овие дејнсоти ги полнеше сопствените џебови, истакна Лавров.
Инаку руските власти веќе неколку пати ги обвинија турските власти дека се вмешани во шверц на нафта за терористичката Исламска Држава, која со тие приходи ги финансира сопствените терористички активности.