
По триумфот на Шкендија со 2-0 во финалето на Купот против Работнички, навивачите од Тетово ја демолираа Арената „Филип Втори“, пишува Спортмедиа.мк.
На фотографиите направени по завршувањето на мечот во око паѓаат искршените столчиња, оштетениот тартан откако со факли ја запалија претходно фрлената хартија, а палеа и пред влезот на стадионот.
Штетата која тие ја направија допрва ќе треба да се проценува.