Целта на оваа техника е вашата коса да остане што поприродна, така што треба да се создадат што подискретни нијанси. Добрата страна на овој тренд е тоа што подеднакво им одговара и на русокосите и на бринетите и на црвенокосите – што е и причината поради нејзината ненадејна распространетост ширум светот.
За русокоси – Светли прамени
Овој тренд е совршен за пролетта, но со негова помош можете и да ја освежите вашата боја, бидејќи дополнителниот слој ќе ѝ даде сосема нов изглед на вашата коса. Потемната руса треба да се освежи со посветли нијанси кои изгледаат многу природно, како косата да ви осветлила за време на сончањето.
За бринети – Комбинација од руса и кафеава боја
Оваа комбинација особено им одговара на природните бринети бидејќи овозможува меки, светли тонови кои ја прават вашата коса посветла, но и природна. Бринетите треба да се фокусираат на темниот корен, бидејќи токму од него косата почнува да поприма нијанси на светла руса, токму кај корените на врвовите. Оваа нијанса најдобро ќе им стои на девојките со посветол тен.
За црвенокоси – Различни бои на јагода
Природните црвенокоси можат да го освежат својот изглед така што ќе додадат различни црвени нијанси на својата природна боја. Овој тренд е совршен за пролетта, токму поради својата топлина. Тој изгледа преубаво на дневната светлина и одлично им стои на дамите со светол тен. Но, тоа не значи дека нема да изгледа добро и на девојките со потемен и маслинест тен.