Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски од СДСМ, се заканува на новинарите, пишува „Курир“.
Нејзината матична партија гласно, но лажно, се залага за слободата на медиумите, а нивните функционери постојано вршат притисок врз новинари, им се закануваат и јавно ги навредуваат.
Ременски се нафрли на уредничката на Сител и Вечер, Ивона Талевска и преку својот Фејсбук профил и се закани дека новинарката ќе одговара за своите текстови.
Инаку, во својата детална анализа, весникот Вечер открива дека сопругот на Фросина Ременски, Јовче, му доставил прислушувани разговори на Зоран Божиновски кој долго време беше во бегство и истите нелегално ги објавуваше. Фросина Ременски во одбрана на својот сопруг, заборавајќи дека има јавна одговорност како министерка, јавно почна да се заканува кон новинари.
И нејзиниот сопруг, јавно преку Фејсбук се нафрли на новинарката Талевска.
Брачниот пар Ременски продолжува со недоличен однос кон новинари и медиуми. Ова не е прв пат министерката на СДСМ да се однесува дрско кон претставници на медиумите додека во исто време нејзината партија остро манипулира со оваа тема.