Џорџ Сорос, првиот човек на Фондацијата „Сорос“ и Институтот отворено општество е дел од светската финансиска афера наречена „Панама Пејпрс“, која открива кој се од светот има регистрирано оф-шор фирми во даночниот рај Панама.
Фондацијата „Сорос“ преку Институтот отворено општество, финансиски помага голем број медиуми во Македонија. Корисници на донации во пари од Сорос во Македонија се порталите ПлусИнфо, Либертас, А1Он, Мактел, како и дузина други медиуми, додека Нова ТВ е корисник на финансиски средства од Сорос Лондон. Сите тие добиле грантови од Сорос и Институтот отворено општество во висина од десетици, а некои пак, и стотици илјади американски долари.
Според Медиапедиа, сопственик на ПлусИнфо е Бранко Героски. Тој е раководител на проектот Плусинфо и член на Управниот одбор на Граѓанското Здружение, кое е издавач на порталот Плусинфо. Сопругата на Героски, Биљана Илиќ Героска од мај 2011 година е уредник во порталот Плусинфо, а потоа и негов менаџер, во својство на претседател на Управниот одбор на Здружението. Интересен е и податокот на Медиапедиа дека еден од основачите на Граѓанското Здружение, кое е издавач на порталот Плусинфо, е и Ацо Кабранов.
Медиапедиа наведува дека веб порталот Плусинфо почнал со работа во мај 2011 година, како проект на фондацијата Метаморфизис, преку донација добиена од Фондацијата Институт Отворено Општество.
„Во 2013-тата година од Институтот овој информативен портал добил 47.702 евра, а се финансира и од реклами. Во јавноста Плусинфо е познат како критички медиум кон владејачките структури“, се вели во текстот на Медипедиа.
Сопственик и директор на веб порталот „Либертас“ е Ацо Кабранов. Исто така и Љубомир Фрчковски е уште едно лице од основачите на организацијата издавач на Либертас „Про-Либерти“. Фрчковски нема работна позиција во медумот. Тој е член на опозициската СДСМ, универзитетески професор на правниот факултет, како и поранешен министер за внатрешни работи.
Основачи на Либертас покрај Кабранов и Фрчковски се и нивните ќерки Петра Кабранова и Лени Фрчковска и Јован Постолоски – Јофе. Овластено лице е Ацо Кабранов. Порталот важи за медиум кој е критички настроен кон владејачките структури, а истиот, според Медиа Педиа се финансира од реклами, а во 2013 година добил грант од Фондацијата Отворено Општество Македонија (СОРОС) во вредност од 26.686 евра.
Зад порталот „Мактел“ стои името на Саше Ивановски – Политико. Тој во јавноста стана познат и по неуспешниот обид за отворање на дневниот весник „Политико“. Овој весник на пазарот излегуваше само една недела, а потоа беше згаснат поради финансиски причини. Веб-порталот Мактел за 2013 година има добиено поддршка од Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија (Сорос) во вредност од 2.6 илјади евра. За да се отворат содржините на Мактел, потребна е претплата од 100 денари месечно.
Сопственици на НОВА се поранешните новинари на А1 телевизија Биљана Секуловска и Борјан Јовановски. Издавач на порталот НОВА е друштвото Видео Веб Продукција ДОО. Редакцијата е составена од новинари – поранешни вработени од сега згаснатата А1 телевизија, по чиј крај и започнува создавањето на овој медиум. НОВА се финансира од продажба на рекламен простор и донации. Основана е со грант од Фондацијата „Институт Отворено Општество“ – Лондон во вредност од 50.000 американски долари.
Како сопственик на порталот А1 он се јавува Предраг Петровиќ. Веб порталот А1 он почна со работа по затворањето на А1 телевизија. Во редакцијата на „А1 он“ преминаа повеќе новинари од згаснатата А1 телевизија, но не во толкав број колку што беше очекувано.
За „А1 он“ работеше и поранешната уредничка и новинарка од А1 телевизија Катерина Цаневска, која подоцна стана портпарол на Андреј Жерновски, градоначалник на општина Центар. И А1 Он е финансиран од Институтот Отворено Општество Македонија. За 2013 година, според јавно објавените податоци на Сорос, овој портал има добиено 49.706 евра.
Порталите и медиумите…