Попоски за „Стандард“: Грција не е во состојба да се фокусира на спорот за името

Грција не е во најдобра состојба за да се фокусира на решавањето на спорот за името. Ова го изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за австрискиот весник „Дер Стандард“.

Не би рекол дека Грција е во најдобра состојба за да се фокусира на овој проблем, вели Попоски во интервјуто што вчера беше објавено во австрискиот весник со наслов „Запрени масовните илегални преминувања на границата“.

 

 

Во интервјуто за австрискиот весник, кое МИА го пренесува интегрално, Попоски говори и за бегалската и мигантската киза, за улогата и вложувањата на Македонија како дел од европските напори за справување со неа, како и за соработката со соседите во тој конктекст.

Стандард: Моментално ситуацијата е таква што изгледа дека ќе пукне договорот со Турција. Што би значело тоа за Македонија и за безбедноста на границата со Грција?

Моментално имаме 25.000 мигранти на македонската граница, околу половина од бегалците кои се во Грција, се наоѓаат во близина на границата на различни места. Грчките власти се обидуваат да ги тргнат бегалците од границата, но активистите ги убедуваат бегалците да останат таму и им даваат лажни надежи дека можат да ја преминат границата. Но доаѓаат многу помалку бегалци, не само поради тоа што Турција ги задржува бегалците, туку бидејќи ја затворивме границата со Грција и тоа за многумина беше сигнал повеќе да не се оди кон Европа. Не верувам дека бегалската политика на Турција ќе се смени.

Стандард: А ако Турција повторно почне да пушта повеќе бегалци кон Грција?

Тоа може да се случи, но не нема да има толку масовни илегални премини на границата од Грција кон Германија. Тоа е завршено.

Стандард: Функционира ли враќањето на бегалците во Грција? Слушнав дека тоа ќе трае подолго.

Има бирократски пречки. Но имаме договори и според нив треба да се враќаат назад. Морам да кажам дека соработката со Грција цело време се подобрува. Почнавме на многу ниско ниво со многу пречки, но сега службениците на двете страни комуницираат и соработуваат прилично добро. Но има уште простор за подобрувања.

Стандард: Какви?

За нас би било важно ако луѓето во Грција што е можно побрзо од камповите на границата да се сместат во прифатните центри. Има многу кои се под отворено небо и на тој начин се влошува хуманитарната ситуација. Освен тоа, тоа ги поттикнува луѓето да бидат насилни. Има неколку млади лица кои се обидуваа да фрлаат со камења по полицијата. И оваа ситуација ги охрабрува шверцерите бидејќи имаат пазар. Грчките службеници го менуваат пристапот и се обидуваат да ги принудат луѓето да си одат оттаму.

Стандард: Колку лица кои се обидуваат да ја преминат границата, всушност се уапсени од страна на македонските службеници?

Дневно има 150 до 300 обиди на лица да ја преминат границата. Понекогаш доаѓа група од десетмина кои ја прескокнуваат оградата. Повеќе од половина од овие обиди ќи бидат спречени. Некогаш сме близу до 100 проценти. Но не може да се каже дека никој не успева. Сепак, границата не е херметички затворена.

Стандард: Ги праќа Србија бегалцитe назад во Македонија?

Фактички тоа се многу малку кои стигнуваат до Србија. Но денес има лица кои стигнуваат и до Германија или Шведска. Некои сега се во Србија, доаѓаат од Бугарија. Некои од нив претходно веќе биле вратени назад. Тие повторно се обидуваат да се прошверцуваат. Од почетокот на оваа година во Македонија се пријавени 20 групи шверцери. Но не треба да бидеме наивни и да мислиме дека сите сме ги фатиле. Секојдневна борба на органите на прогонството е против оние што сакаат да направат пари.

Стандард: Во однос на парите, колку чини граничната заштита на Македонија?

За управување со бегалската криза потрошени се 30 до 40 милиони евра. Распределивме дополнителни трупи и дополнителна опрема, има и трошоци за прекувремена работа и за транспорт. Во последните два месеци месеци спроведовме европски проект кој ни овозможува да покриеме барем дел од трошоците за македонските службеници или службениците од ЕУ. Но не станува збор за Фронтекс, туку и за билатералните спогодби со Словенија, Австрија, Унгарија, Чешка, Хрватска.

Стандард: Колку добива Македонија за овој проект?

Десет милиони евра, 1,5 милиони евра се за македонските службеници, 3 милиони евра за земјите од ЕУ, а другото е за опремата.

Стандард: Дали затворањето на балканската рута е поврзана со политички трошоци?

Да, целата ситуација ни ги отежна односите со Грција. Грција со години го блокира нашиот влез во НАТО и во ЕУ, но нашата цел е да ги олабавиме односите. Откако почнавме да ги спроведуваме одлуките на Советот на ЕУ, Грција гледа на тоа како да ѝ го отежнуваме животот. Но тоа не беше нашата намера. Сега Грција сфати дека ние ѝ правиме услуга на земјата со тоа што спречуваме нелегална миграција. На крај, со миграциската криза се отежнува и економијата. На пример, половина од нашиот увоз и извоз оди преку пристаништето во Солун и ако земат предвид и прекините на патиштата и железничката пруга, тогаш е драматично.

Стандард: И покрај блокадите не е подобро да се затвори границата за бегалците?

За нас изборот беше едноставен: Или ќе им помогнеме на земјите од ЕУ да го спроведат тоа или само да гледаме и да ставиме два големи плакати: Минхен – 1.500 километри! Стокхолм – 2.100 километри! И така натаму! Но, ако некој сака да биде доследен партнер и сака да биде земја-членка на ЕУ, тогаш би требало да бидеме дел од решението.

Стандард: Но дали добивате нешто со тоа?

Досега ништо посебно. Но ние сме навикнати на тоа.

Стандард: Дали постои можност да се стави крај на спорот со името со Грција?

Не би рекол дека Грција е во најдобра состојба за да се фокусира на овој проблем.

Стандард: Чувствувате ли дека имате поддршка од ЕУ и од САД во овој проблем?

ЕУ не инсистира, како во сите други процеси на проширување, дека овие билатерални теми мора да се решат во преговорите за проширување. Сите земји-членки на ЕУ треба да се согласат дека треба да ги почнеме преговорите за проширување. Тоа би било позитивен стимул за двете страни. Но сега сме оставени надвор и нема надеж. Ако во ситуацијата се повикаме на тоа да се најде прифатливо решение за сите страни, тогаш тоа е како да затворите два волци и едно јагне во иста просторија и да им речете: се обидуваме да ви најдеме замено прифатлив предлог за вечера.

Стандард: Сметате ли дека потешката внатреполитичка криза тука во Македонија е поврзана со тоа дека земјата е во геополитичка состојба на несигурност?

Колку подолго Македонија е надвор од ЕУ толку поголеми се шансите да се направи хаос тука. На Балканот има групи кои не направија ништо друго освен што водат војни и многу од нив имаат криминална заднина и ги користат политичките агенди.

Стандард: Колку е важна Русија за Македонија?

Над 90 проценти од нашите инвестиции, увоз и извоз доаѓаат од ЕУ или земјите-кандидатки. Русија е важна за сите во Европа, но ако се земе предвид уделот во трговската размена на Русија, тогаш тука тој е многу помал. Секогаш велиме дека ние сакаме да влеземе во Нато и во ЕУ.

Стандард: Првично изборите требаше да се одржат на 5 јуни. Но сега само вашата партија, ВМРО-ДПМНЕ сака изборите да се одржат на 5 јуни.

Социјалдемократите (СДСМ) побараа одложување на изборите. Парадоксално сега владата сака избори. Анкетите не се многу поволни за опозицијата. Сакаат избори, но само тогаш кога ќе чувствуваат дека ја имаат поддршката на мнозинството од гласачите. Но зошто треба ние да ги присилуваме СДСМ на нешто што сами го бараа?

Стандард: Состојбата е поврзана и со амнестијата од претседателот Ѓорѓе Иванов, која поттикна сé.

Претседателот имаше чувство дека мора нешто да стори, но амнестијата имаше негативни последици, особено на меѓународно ниво. Очигледно имаше добра намера. Но, патот до пеколот често е поплочен со добри намери.