Во „избалансираното новинарство“ на СДСМ штама за поврзаноста на Сорос со Панама документите

Кога насоките од СДСМ беа да се инсинуира поврзаност на некои македонски бизнисмени со Панама документите, и Телма и 24 Вести и целиот грст на соросови портали ги започнуваа своите информативни блокови и топ вести со овие шпекулации подгревани од фабриките за афери на СДСМ. Вчера на овие телевизии и на соросовите портали имаше тотален мрак за големиот скандал со кој преку панама документите се откри поврзаноста на Џорџ Сорос со фамилијата на Осама Бин Ладен во трговијата со оружје, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ви го пренесуваме во целост останатиот дел од соопштението:

Ниту ТВ Телма, ниту 24 Вести не известија ни збор за она што го откри реномираната американска телевизија Фокс Њуз за Џорџ Сорос и неговата поврзаност со перење пари наменети за таинствени политички акции и оружја.

Но затоа непринципиелното и неизбалансирано информирање вчера продолжи со 3.563 секунди од централните вести и дебатните емисии на ТВ Телма посветени на лагите и конструкциите на СДСМ и 1.536 секунди за тезите произлезени од Бихаќка во вестите на 24 Вести.

Тоа е „избалансираното новинарство“ кое го подразбира СДСМ – окупација на медиумите и воспоставување тотална контрола врз нив. Затоа овие медиуми не кажаа ниту напишаа еден збор за големиот скандал во кој е вмешан нивниот главен финансиер Сорос.

За СДСМ се најдобри новинарите и медиумите кои не известуваат за новите проекти и мерки кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, додека истовремено ги поддржуваат хулиганските насилни протести на СДСМ во кои се напаѓа полицијата, се уништува државен имот и се вандализираат споменици.

Минатиот месец СДСМ доби 172.383 секунди или речиси 50 часа во само еден програмски појас за својата пропаганда од фабриките за афери. Од почетокот на мај на СДСМ му се отстапени 111.098 секунди во истиот програмски појас за ширење на своите лаги и манипулации на овие две телевизии.

СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку само медиумите над кои има целосна контрола.