Еден загинат и 85 повредени во двата земјотреса во Еквадор

Засега не е познато која е точната причина за смртта на починатиот, кој бил возрасен маж.

Двата земјотреса биле со интензитет од 6,7, односно 6,8 степени според Рихтеровата скала.

Најмалку 655 лица загинаа, а 48 се водат како исчезнати во земјотресот со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди Еквадор на 16 април.