
Сигурно нема да ви биде проблем да ги пиете секој ден, бидејќи пијалаците се многу вкусни и можат да бидат замена за цел оброк:
1. Кафе
Тоа што го прави посебен овој пијалак е кокосовото масло кое го содржи и истото го регулира варењето и холестеролот. Но, секако овој пијалак содржи кафе што е и причината заради која не треба да пиете повеќе од една чаша дневно.
Потребни состојки: 1 лажичка инстант кафе, ½ кафена лажичка какао или неколку капки арома од ванила, 1dl бадемово млеко, 1dl зовриена вода и 1 кафена лажичка органско кокосово масло.
2. Магичен сируп
Комбинацијата на цимет и ѓумбир го прави овој пијалак магичен, бидејќи овие состојки ќе ве држат сити и до 3 часа.
Потребни состојки: 150g свеж корен од рен, 3 поголеми лимони, 3 супени лажици мед, 1 кафена лажица цимет, 3cm свеж корен од ѓумбир.
Начин на подготовка: Излупете ги ѓумбирот и ренот, а потоа изрендајте ги. Лимонот исцедете го, а потоа сите состојки измешајте ги и додајте ги медот и циметот. Во чиста тегла истурете ја течноста и секој ден земајте по 1 супена лажица наутро и навечер на празен стомак. Откако ќе ја потрошите оваа количина, направете пауза од месец дена, па повторно повторете ја доколку имате потреба.
3. Микс од киви и јаболко
Кивите го подобруваат имунитетот, а јаболкото го чува вашето здравје. Овој пијалак ќе ве држи сити подолго време, а и ќе ви овозможи да слабеете здраво.
Потребни состојки: 4 киви, 2 јаболка, 1 чаша млеко и 1 супена лажица протеински прашок.
Начин на подготовка: Кивите и јаболката излупете ги, исечкајте ги и ставете ги во блендер заедно со млекото и протеинскиот прашок. Шејкот пијте го додека е свеж, а можете да додадете и неколку коцки мраз.
4. Егзотичен пијалак
Ако сакате да се ослободите од целулитот пред да заминете на одмор, тогаш не чекајте, туку направете си го овој пијалак.
Потребни состојки: 1 чаша исечкан свеж ананас, половина краставица, 1 чаша млеко и малку копар.
Начин на подготовка: Краставицата и ананасот исечкајте ги на парчиња, па заедно со млекото и копарот ставете ги во блендер. Пијалакот се пие додека е свеж, како замена за ужина или вечера.