Што кажува за вас хороскопската комбинација знак-подзнак?

Дванаесетте хороскопски знаци се поделени во четири групи, според четири елементи:

Огнени знаци се: Овен, Лав и Стрелец.
Земјени знаци се: Бик, Девица и Јарец.
Водзушни се: Близнаци, Вага и Водолија.
Водени се: Рак, Шкорпија и Риби.

dneven

Земјен знак- огнен подзнак

Практични сте и полни со ентузијазам. Немате многу трпение, па често реагирате импулсивно. Уживате да бидете главни, па често сте во центарот на вниманието.

Земјен знак-воздушен подзнак

Страствени сте и комуникативни. Иако, се „возбудувате“ пребрзо за некоја идеја, често немате трпение да ги завршите работите до крај.

Земјен знак-земјен подзнак

Одлична комбинација, иако знаете да бидете малку спори. Сепак, се што започнувате завршувате. Тврдоглави сте и упорни. Тешко отстапувате од ставовите и мислењата.

Земјен знак-воден подзнак

Многу сте практични и интуитивни. Вашата емотивност најмногу доаѓа до израз во односите со партнерот на кого може да му засметаат вашата љубомора и посесивност.

Воздушен знак-огнен подзнак

Одлична комбинација, воздухот го распалува оганот, па нема нешто што вие не може да направите и да постигнете, под услов добро да се организирате. Комуникативни сте и страствени.

Воздушен знак-воздушен подзнак

Комуникативни сте и секаде стигнувате. Поседувате дипломатска способност. Лесно се растргнувате на повеќе страни, па не знаете што сте започнале, а што сте завршиле.

Воздушен знак-земјен подзнак

Појак ви е подзнакот од знакот, а тоа до израз доаѓа во практични животни ситуации. Иако сте комуникативни понекогаш имате голема желба да бидете осамени. Поседувате високи естетски критериуми.

Воздушен знак-воден подзнак

Често ни самите себе не може да се разберете. Поради водениот подзнак, склони сте кон промени на расположението од воодушевување па се до летаргичност. Поседувате талент за уметност.

Огнен знак-огнен подзнак

Полни сте со ентузијазам, иницијатива и многу сте темпераментни. Меѓутоа, двојниот оган знае да изгори се околу себе, па често се сакате да добиете веднаш. Постојано трчате некаде.

Огнен знак- воздушен подзнак

Ова е добра комбинација. Вие секаде стигнувате и за се сте информирани. Умеете со луѓето, затоа што имате дипломатски способности.

Огнен знак-земјен подзнак

Овие елементи не одат еден со друг. Понекогш имате чувство дека не знаете што сакате. Иако сте упорни и доследни, умеете да „пукнете“ кога од вас тоа најмалку се очекува.

Огнен знак-воден подзнак

Ни ова не е премногу среќна комбинација. Во љубовта сте страствени, љубоморни и посветени на оние кои ги сакате.

Воден знак- огнен подзнак

На вам ви е потребно повеќе време за реализација на вашите планови и замисли. Поседувате уметнички талент.

Воден знак-воздушен подзнак

Воздухот и водата не се сложуваат добро, па понекогаш пропуштате шанси кои би можеле да ви донесат успех. Многу сте емотивни и сочувствителни, па, понекогаш станувате жртва на својата добронамерност.

Воден знак-земјен подзнак

Ова е добра комбинација. Поседувате способност понекогаш да се изборите со разни животни потешкотии, бидејќи истовремено сте практични и интуитивни. Но, вашата воздржаност понекогаш може да му пречи на партнерот.

Воден знак-воден подзнак

Креативни сте и поседувате талент за уметност. Посесивни сте и љубоморни. Вашата несигурност е ваша најголема маана.