
Велат дека Неапол е рај на земјата… Од потоците тече сладолед, а пицата е најдолга на светот.
Повеќе од 400 готвачи од цела Италија се собраа во Неапол за да ја направат 1.853 метри долгата пица за да го соборат светскиот рекорд.
За ова „чудовиште“ од пица им биле потребни 2.000 килограми брашно, 1.600 килограми домати, 2.000 килограми моцарела и 200 литри вода.
Секако сите состојки што ги ставивме се со највисок квалитет, се фалат пица-мајсторите.