Кинеските власти уапсија 135 лица за илегална трговија со вакцини

Наредби за апсење биле издадени против 125 лица, кои се занимавале со бизнис со вакцини без да имаат дозволи, соопшти националното обвинителство.

Десет високи здравствени службеници се уапсени за небрежност. Тие работеле во локални центри за јавно здравство и намерно ги купувале и користеле врз луѓето незаконските вакцини.