
Нападите се извршени во градот Taртус, каде загинале 48 лица и во Jaблeх, каде се убиени 53 лица соопшти Сирискиот центар за човекови права со седиште во Велика Британија.
Градовите се нападнати со седум, речиси симултани експлозии.
Државните медиуми објавија дека и автобуски станици и болница се меѓу целите на нападите.
Сириската државна телевизија јави дека нападот врз автобуската станица во Тартус е извршен од најмалку еден бомбаш-самоубиец со помош на автомобил-бомба.
Државната новинска агенција „Сана“ соопшти дека влезот на другата автобуска станица, онаа во Jaблех, бил цел на ракетен напад.
Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите во соопштение објавено на Интернет, наведувајќи дека цел на нападите биле Алавитите, малцинство на кое и Асад му припаѓа.