Се урна ирански авион на Персискиот залив, четири лица загинаа

Четири лица загинаа откако помал авион се урнал на Персискиот залив, соопштија иранските медиуми.

Иранската новинска агенција „Ирна“ јавила дека авионот „Фалкон 20“, кој е во сопственост на „Државната авионска организација“, бил на пробен лет кога се урнал кај островото Киш.

Агенцијата навела дека сите четири тела се пронајдени и дека во тек е истрага за причините на несреќата.