
Пожарот целосно уништил еден отпад за автомобили, и се проширил во две околни згради, соопшти австралиската противпожарна служба.
Со пожарот се борат над 100 пожарникари
– Пожарот се уште гори на отпадот за автмобили, а ситуацијата се влошува поради големата количина на гориво и автомобилските гуми, изјавија од противпожарната служба, и додадоа дека причината за пожарот се уште не е позната.
Австралиската полиција ги евакуирала луѓето од околните згради, а на самото место има амбулантни возила во случај од пожарот да има уште настрадани.