
Германската канцеларка Ангела Меркел соопшти денеска дека Владата го одобрила новиот пакет мерки, кој има за цел да и помогне Германија да се справи со интеграцијата на околу 1,1 милион мигранти, кои се пристигнати во земјата минатата година.
– Мислам дека е ова е важен чекор, изјави Меркел, пренесува МИА.
Според нејзините зборови, овие мерки се насочени кон балансирање на нови „можности и задолженија“ за мигрантите.
Мерките вклучуваат проширување на курсевите за ориентирање на мигрантите и покус рок на чекање за курсевите за интеграција, со поголем акцент на изучувањето на германскиот јазик.
За да стапат во сила, неопходно е овие мерки да бидат одобрени од парламентот.