
Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг ја нарече ситуацијата во Крим најголемата криза во Европа што и се случила во 21-от век, пишува весникот „Независимаја Газета“.
САД и нивните сојузници се одлучија за стратегија со која ќе се стави Москва во меѓународна изолација, а исто така се разгледува и можноста за воведување на економски санкции против земјата. Седум од учесниците во Г-8 демонстративно и се спротивставија на Русија. Во Вашингтон се преразгледуваат економските односи со Руската Федерација, но можноста за воен одговор на НАТО е исклучена.
Познат американски дипломат ја нарече Кримската криза „најсложено геополитичко искушение“ за Барак Обама, кој успеа да ја обезбеди пддршката на лидерите од другите земји учесници во Г-8, а исто така ги анулираше претстојните трговски средби со руски претставници.