
Рускиот претседател Владимир Путин во моментов одржува прес конференција за ситуацијата во Украина.
Претседателот на Русија Владимир Путин ги окарактеризира настаните во Украина како неуставен државен удар и вооружено освојување на власта.
„Оценката за она што се случува во Киев, во Украина како целина, проценката може да биде само една – тоа е неуставен државен удар и вооружено освојување на власта“, изјави Путин пред новинарите.
Претседатлот истакна дека „Украина е сведок на вооружен напад на моќ и антивладини протести“, додавајќи дека Виктор Јанукович се’ уште е легитимен претседател на Украина.
За Путин Парламентот на Украина е делумно легитимен, а вршител на должноста претседател на земјата нема.
„Дали овие власти се легитимни? Парламентот – делумно да, сето останато – не. Тука не може да се зборува за легитимност на вршителот на должноста претседател“, рече Путин пред новинарите.