Новиот лидер на талибанците најави прекин на преговорите со Кабул

Новиот лидер на талибанците најави прекин на преговорите со Кабул
Новиот лидер на талибанците најави прекин на преговорите со Кабул

Новиот лидер на авганистанските талибанци Хајбатула Ахунзада денеска изјави дека нема да ги продолжи мировните преговори со Владата во Кабул.

Ваквата најава Ахунзада, дадена во видео запис доставен до медиумите од страна на официјалниот портпарол на талибанците, доаѓа само неколку дена откако неговиот претходник Ахтар Мансур беше убиен при ракетен напад на американски дрон во Пакистан.

– Не, ние нема да учествуваме на никакви мировни преговори, вели Ахунзада во видео записот.

Западните медиуми наведуваат дека не успеале преку независни извори да дознаат дали навистина се работи за гласот на Ахунзада, ниту пак кога е снимено видеото.