Во следниот период, доколку има соодветно време до изборите, ќе се посветиме на европската агенда, на итните реформски приоритети и на законски решенија во Собранието, кои ќе го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во мега интервјуто за Телеграф.мк.
Ние ќе градиме и ќе создаваме, ќе правиме реформи, ќе решаваме проблеми, ќе се бориме земјата да оди напред. Тие ќе продолжат и понатаму сè да негираат и да плукаат, на секоја прес-конференција сè посочно ќе нè нарекуваат криминалци. Знаете како она кога крадецот вика држете го крадецот, додава Груевски.