Дознајте што ви подготвиле ѕвездите оваа недела…
Овен
Ќе бидете подобро расположени оваа недела. Комуникацијата со другите се поправа. Имате поддршка од партнерот и од блиските луѓе во врска со работата. Ако не сте во врска можете да се допишувате со некоја интересна личност. Сега ќе бидете во можност да го промените телефонот, автомобилот, ако сте го планирале тоа, ова е добар период. Ќе бидете романтични во текот на цела недела.
Бик
Емотивниот живот не ви е примарна окупација оваа недела. Повеќе ќе бидете свртени кон работата. Можен е напредок, поголем прилив на пари или можеби покачување. Не очекувајте помош од другите луѓе, туку правете се што можете сами. Ова не е добра недела за купување техника.
Близнаци
Некој пријател со кој што не сте имале контакт одамна може да се врати во вашиот живот. Имате доста енергија за се што сте испланирале. Ова е недела за нови почетоци. Грижете се повеќе за себе си. Потрудете се да се насочите кон комуникацијата со другите. Купете нешто што одамна сте планирале, облека или козметика.
Рак
Оваа недела можеби ќе се чувствувате поосамено од вообичаено. Немојте да се нервирате многу поради разните приказни што сте ги слушнале за себе си. Потрудете се да се насочите на вашиот приватен живот. Немојте да се оптоварувате премногу со работата. Средете го домот, исфрлете ги нештата што не ви се потребни, особено документите.
Лав
Некои нови луѓе ќе впловат во вашиот живот. Внимателно бирајте ги луѓето на кои што ќе им се доверите. Имате доста енергија, но не сте конструктивни. Помалку сте напнати, па потрудете се оваа недела да избегавате контакти со луѓето со кои што не сте во добри односи. Можни се ненадејни трошоци поврзани со домот.
Девица
Напнати сте оваа недела. Сега ги имате сите можности да ги направите нештата што одамна сте ги сакале, врзани за работата, но се нервирате затоа што имате впечаток дека доцните. Потребна ви е помош од другите луѓе, а не сакате да ја побарате. Бидете покреативни оваа недела. Ако сте зафатени, не би требало да се нервирате за ситници и да го расипувате односот со партнерот.
За другите знаци повеќе на следната страница…