ЈП Водовод и канализација – Скопје планира акција за изведување на приклучок за новата пумпна станица во Шуто Оризари. Акцијата, како што информираат од претпријатието ќе се изведе на 01.06.2016 година, почнувајќи од 01:00 часот и се очекува да заврши околу 22:00 часот истиот ден.
Без вода ќе останат корисниците од следните населени места: Бардовци, Визбегово и индустриската зона покрај Качанички пат, Шуто Оризари, Бутел 1, Бутел 2, населба и село Радишани, Кучевичка бара, Чаир, Скопје-Север, Касарна Илинден, Топанско поле, високата зона на Кале (Француски гробишта), високата зона на Гази Баба, населба Железара, индустриските корисници во кругот на Рудници и железарница и високата зона во Автокоманда.
Во овие зони ќе бидат мобилни и 4 цистерни за вода.
Фиксни локациите за две цистерни на ЈП Водовод и канализациа – Скопје ќе бидат:
- Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир
- Во кругот на Поликлиника Железара – Центар за дијализа.
Другите 2 цистерни ќе гравитираат зависно од потребите на граѓаните, односно во текот на акцијата ќе се процени кои зони имаат најмногу потреба од овие цистерни, а со што и граѓаните навремено ќе бидат дополнително известени.
Се известуваат корисниците од овие населби да обезбедат потребни резерви на вода.
За сите потребни информации, на располагање ви стои Дежурно-информативниот центар на Ј.П. Водовод и канализација – Скопје на телефонскиот број 3073-010.