АХВ ја докажа својата посветеност во справувањето со болеста „јазлеста кожа“

Агенцијата за храна и ветеринарство оценува дека Љупчо Николовски од СДСМ со денешната изјава пласирал лаги и неосновани тврдења обвинувајќи ги надлежните институции за неспособност и креирање на хаос во справувањето со болеста Јазлеста кожа кај говедата.

Агенцијата за храна и ветеринарство  повторува дека  останатиот дел од вакцините се  веќе нарачани и оти во најскоро време се очекува нивно пристигнување во земјава.

-Сточарите не чекаат на отштета како што неупатено тврди Николовски. Постапката за пријавување на барања за отштета за закланите и убиените грла е во тек. Досега до Агенцијата за храна и ветеринарство се пристигнати седум барања за отштета од страна на сточарите, кои согласно законските прописи ќе се разгледаат и ќе се исплатат во најкус можен рок, се вели во реакцијата од АХВ.